Министерството за образование и наука сè уште го нема ЈАВНО објавено списокот за СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА на четиристотини ученици во средните училишта во Македонија.
Крајниот датум беше до 27.11.2020 (петок) за МОН да ја објави листата, а најдоцна до 4.12.2010 (петок), учениците мораат да го потпишат договорот за стипендија и да го достават. Во спротивно се смета дека САМИТЕ СЕ ОТКАЖАЛЕ од примање на средствата чија висина е 2200 денари месечно, во текот на девет месеци.
За останатите конкурси МОН објави резултати на 21.11.2020.
Зошто петти ден не се објавени резултатите? Дали можеби со намера непланираните „сами“ да се „откажат“ од овие средства? Дали ресорната министерка Царовска, довчерашна министерка токму на Министерството за труд и социјална политика, се чувствува барем малку одговорна за лошото менаџирање со секторот кој ѝ е доверен?
Сектор за Образование – Левица
1 декември, 2020