Денес пред централната канцеларија на корпорацијата Еуромакс беше одржан солидарен протест со блокадите кои веќе петти ден се одвиваат против рудникот Иловица-Штука. На собирот беа присутни и членови на Левица.
Локалното население во Струмичко води искрен народен бунт за да го одбрани своето природно богатство против профитерите со истечена концесија, кои вчера со своите платеници и обезбедување се обидоа да ги спречат барикадите против рудникот на смртта. Овој народ во Струмица и околината повеќе од една година демонстрира непокорлива истрајност во борбата да се заштити своето парче земја од странските експлоататори желни за профит.
Никакви закани, притисоци и поткупувања не успеаја да ја разводнат бескопромисната битка за зачувување на планината Огражден и станува јасно дека природното богатство на Југоистокот ќе остане таму каде што вистински припаѓа – во локалното население кое покажа дека умее достоинствено и храбро да го одбрани.
Моќта е во рацете на народот!