Успешно функционира коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ во Велес

велес дуи

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Иако на централно ниво претседателот на ДПМНЕ фрла камења по ДУИ, сепак во Општина Велес работите се далеку поразлични.

Советниците на ДПМНЕ во велешкиот совет со цел добивање на апсолутно мнозинство стапија во коалиција со единствениот советник од ДУИ и покрај „различниот“ став на нивниот лидер.

На тој начин се формираше мнозинството во советот со цел изласување на точките предложени од страна на градоначалникот и претседателот на совет!

Оваа коалиција ДПМНЕ – ДУИ спречи одржување на референдум предложен од советниците на Левица со кој граѓаните на Општина Велес ќе можеа да се изјаснат дали се ЗА или ПРОТИВ продажба на парцелите покрај езеро Младост, не се усвои декларацијата по повод 80 годишнината од штрајкот на велешките гимназијалци, не ги изласаа поднесените амандмани со кој ќе се усовршија правилниците за субвенционирање на велосипеди, инвертер клими и сончеви колектори, а средствата ќе ги добиеја оние со пониски примања.

Но затоа изгласаа неколку спорни легализации, драстична пренамена на средства од програмите за социјална заштита, животна средина, култура, образование, ребаланс на буџет со зголемување на ставката за агенција за времени вработувања за 1.9 милиони денари, како и ставката за хортикултурно уредување со вкупна вредност од 2 милиони денари.

Дали ДПМНЕ лицемерно и популистички го напаѓа ДУИ на државно ниво, додека локално поради задоволување на својте интереси успешно коалицираат?!

Граѓаните треба да знаат за лицемерното работење на ДПМНЕ во Велес!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Велес

01 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ