ЛЕВИЦА НА ЕКО-ТРИБИНА ВО СОЛУН

IMG_7075

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На 29 март 2018 (четврток), во Солун – Република Грција, се одржа еколошка трибина на тема: „Животната средина во фокусот на капитализмот – дискусија за односот на човекот со природата“. Трибината беше во организација на НАР (Новата левичарска струја),  во склоп со промоцијата на нивното културно–политичко списание „ANAIRESEIS“, кое се објавува на секои три месеци.

IMG 7075

Од политичката партија Левица присуствуваа членови на нашиот Зелен сектор (Бранко Ристов, Саше Јанчев, Лилјана Истатова, Игор Смилев и Сенада Ибраимова), а беа поканети и други организации меѓу кои и „СОС Халкидики“, како и членови од АНТИ ТАП групата во Серес кои се борат против изградбата на Јужниот гасовод.

IMG 7072

Се говореше за рудникот на Халкидики, борбата на населението против него, како изградбата се одразува на животната средина, каква и дали воопшто има корист населението од него и сл.

IMG 7068

Се разви голема дискусија и за комплекс рудниците во Југоисточна Македонија, какви негативни последици би имало не само на населението овде, туку и преку граница – со што борбата се сведува на заедничка интернационалистичка борба, отворајќи пат кон еден нов одржлив однос на човекот со природата и преку границите.

IMG 7063

Се зборуваше и за соларните панели – нивната исплатливост и корист, за ветерниците како алтернативен извор на струја, за придобивките од рециклирањето на ѓубрето – што би се придобило од користените материјали за нови производи, и најважно, како би можело да се искористи за производство на електрична енергија и гориво, а истовремено би се намалило загадувањето на почвата, водата и воздухот.

IMG 7062

Соработката на Левица со сродните левичарски и антинационалистички групи од соседна Грција ќе продолжи и во иднина, со несмален интензитет.

ПП Левица
Зелен сектор

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ