ЛЕВИЦА ПОДНЕСУВА ИНИЦИЈАТИВА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА СОБРАНИСКАТА ОДЛУКА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ


СООПШТЕНИЕ ДО СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ

ЛЕВИЦА ПОДНЕСУВА ИНИЦИЈАТИВА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА СОБРАНИСКАТА ОДЛУКА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

Политичката партија Левица, утре (среда – 8 август 2018 година), со почеток во 11:00 часот ќе одржи прес-конференција пред седиштето на Уставниот суд на РМ во Скопје, на која ќе ги објасни причините за поднесување на иницијативата со која се бара поништување на Одлуката за распишување на референдум донесена од страна на Собранието на РМ.

Нашиот Правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи истата не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија.

Подетални наводи од содржината на претставката ќе бидат објаснети на самата прес-конференција.

Скопје
7.VIII.2018
Президиум на ЛЕВИЦА

Сподели ја веста: