Од изјавата на Димитров очигледен е шовинизмот на Преспанскиот договор


Преку несреќните изјави на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за грчката телевизија СКАИ дека прашањето за македонското малцинство во Грција е исклучиво грчка работа, полека испливуваат на површина недостатоците и поразите од договорот од Преспа.

Ако овој шовинистички договор беше донесен во духот на помирување и пријателство помеѓу двете земји, како што тврдат неговите либерални апологети, статусот на грчките малцинства (вклучително и македонското) конечно ќе беше регулиран и признаен. Со ваквата изјава се легитимизира децениското негирање на основните човекови права, одземањето имоти, бруталниот прогон и казнувањето на сите граѓани кои не се Грци од страна на грчките власти. Нивната дискриминација и асимилација ќе продолжи со засилено темпо, само што сега во целиот процес грчката влада ќе ја има за партнер и нелегитимната влада на СДСМ.

Веќе станува јасно дека овој таканаречен договор имаше само една цел, а тоа е насилно зачленување на Македонија во агресорниот пакт НАТО. Пропагандата за наводен влез во ЕУ служеше само додека траеше недемократската кампања, за веднаш потоа да биде тргната од политичката агенда. Македонските работници не добија никакви бенефиции од жртвата претрпена со ваков анти-народен договор, само изгубивме уште едно парче од македонската сувереност и сега на Криволак за прв пат во поновата македонска историја туѓа војска маршира.

Овој договор се донесе неуставно! Овој договор се донесе недемократски, насилнички и против народната волја! Левица не го признава договорот од Преспа и активно ќе работи на негово саботирање до конечно укинување! Ништо не е завршено, борбата тукушто започна!

Президиум на Левица

Социјални мрежи:
error0