Земјоделците повторно извисени, тони јаболка скапуваат поради неспособноста на Владата

levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Од неспособноста, корумпираноста и импровизираното владење на СДСМ и ДУИ најмногу штета претрпија најсиромашните и најескплоатираните групи, по примерот на земјоделците. Иако, во својата предизборна програма, актуелната власт најави сериозни инвестиции и мерки во земјоделското производство, како гарантиран откуп од државата, инвестиции во капацитети за сместување на јаболката, интервентен фонд од 6 милиони евра во случаи кога продажната цена е пониска од производствената, илјадници тони јаболка скапуваат во Ресен и околината, поради ниските цени за откуп и неспособноста на властите да овозмажат пласман на земјоделските производи.

Екстремно ниската откупна цена од два денари, која не ги покрива ниту трошоците за производство, претставува деградирање на трудот и достоинството на земјоделецот и работникот. Интересите и достоинството на работниците не може да се штитат со скапи импровизирани бизнис-средби и деловни патувања на клиентилистички и нестручни кадри, вработени по линија на партискиот (наместо јавниот) интерес, како што е досегашното владеење на СДСМ и ДУИ.

Неефикасната алокација на државните средства јасно ги покажува приоритетите на оваа „Влада за живот”, која дозволува макотрпниот труд на земјоделците да гние и скапува, додека троши милионски суми државни пари за нови директорски места во нефункционалните и бирократизирани јавни претпријатија или отварање нови министерства за непотистички вработувања на партиските послушници. Или во капиталистичките приоритети на криминалните владејачки структури, животот и трудот на работникот и земјоделецот нема никаква вредност!

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ