Единствени одработувачи за Груевски се политиките на СДСМ и нивниот коалиционен партнер

59039520_295310684728780_5025118676987150336_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Обвинувањата на владејачката партија СДСМ дека ние одработуваме за груевизам или за Груевски – кој токму СДСМ дозволи да избега без да понесе никаква политичка одговорност – претставува потценувачко замајување на јавноста од нивните катастрофални политики, особено после изјавите на високи бирократи од ЕУ дека во догледно време унијата нема да претрпи проширување.

Тоа што за време на минатата власт стана познато како груевизам претставува систем на владеење каде партијата станува еднаква на државата, односно каде една коалиција ги имаше окупирано сите инстанци на владеење со криминогени ликови кои преку нивните насилни методи имаа за цел енормно лично богатење и стекнување моќ. 

Всушност, преку насилниот процес на промена на името, деградирањето на Уставот и законите, непочитувањето на референдумските резултати, продолжувањето на политиките со кои поединци профитираат од уништувањето на животната средина и загадениот воздух, како и селективните амнестии за оние кои ја ограбија државата за време на груевизмот, токму СДСМ со амнестираниот коалиционен партнер на ДПМНЕ претставуваат продолжена рака на уништувачките политики на претходната влада. Груевизмот само се трансформира во заевизам и токму гласот за Пендаровски е глас за груевизмот на кој СДСМ се повикува!

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ