СДСМ да одговори дали ДУИ ќе пресуди за УНЕСКО статусот


Барањето за воведување бадинтер од страна на ДУИ во новиот Закон за управување со светското природно и културно наследство на УНЕСКО регионот претставува озаконување на криминалното дивеење на партиските локални моќници по брегот на Охридското Езеро. ДУИ претставува криминална група која единствено работи за своите тесно-партиски интереси и оваа партија не е легитимен претставник на албанскиот народ, што стана евидентно после резултатите од референдумот и претседателските избори. Штетите по националните богатства и животната средина ги трпат сите граѓани, без разлика на националната, етничката и религиозната определба.

Ова претставува уште еден скандал од криминалното подземје на ДУИ, ако се има во предвид фактот дека советникот на ДУИ од Охрид, Нефи Усеини веќе два месеци непречено гради објект во заштитено подрачје, за кој објект е издадено решение за уривање. Истиот советник нападна инспектор пред неколку месеци, но против него не е поведена никаква постапка, со оглед на тоа дека функционерот на ДУИ агитираше јавно за кандидатот Стево Пендаровски.

Со штитењето криминалци кои уништуваат богатство од национален интерес, оваа Влада покажува дека за неа главен приоритет не се демократичните процеси, просперитот и интересите на Републиката, туку богатењето на неколку поединци кои одработуваат за коалицијата на власт. И покрај декларативните заложби на СДСМ за зачувување на УНЕСКО статусот, власта не испорача никакви суштински промени за обичните граѓани и продолжува да тоне во криминални скандали и корупција, со што опасноста за неповратно уништување на едно од најголемите национални богатства станува се поизвесна.

Президиум на Левица