Наместо безбедна инфраструктура, велосипедистите добиваат велодром

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Напролет зелените површини во Градскиот Парк Скопје повторно ќе се намалат. Освен изградбата на Луна Паркот, исто така во Градскиот парк ќе се гради и велодром, т.е. рекреативен адреналински велосипедски парк. За реализацијата на овој проект во 2018 година биле планирани 1,5 милиони денари, но по најновите проценки буџетот е дуплиран. Од Град Скопје ветуваат дека нема да има сеча на дрва за изградба на велодромот, реченица која сме ја чуле многу пати низ годините, но ретко се покажала точна.

Изградба на ваков проект е апсурдна идеја ако се земе во предвид катастрофалниот недостиг на правилна градска инфраструктура за велосипеди, и покрај ургирањата на граѓанските иницијативи и здруженија. Поради овој недостиг велосипедистите (а и возачите на автомобили) секојдневно се среќаваат со опасни и потенцијално смртоносни ситуации. На оваа ситуација допринесуваат и ексцесите на градежниот сектор; затворени улици, заградени делови од тротоари и велосипедски патеки се секојдневие.

Со овој проект надлежните на градот Скопје докажуваат дека се немоќни да спроведат вистински промени и да ги решат многубројните проблеми со кои се соочува градот. Наместо да ја подобрат инфраструктурата и сообраќајната безбедност, или да се грижат за сѐ помалиот број на зелени површини во градот, тие работат за профитот на градежните компании; рекламирајќи го овој проект како да е во полза на велосипедистите, притоа целосно занемарувајќи ги нивните вистински барања. За жал, нема профит во безбедноста на граѓаните на Скопје. Но, како што велеа под една „друга“ власт: „битно се гради“.


Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ