Солидарност со лозарите против винскиот монопол!

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Изминатиов период сведочиме како Владата на СДСМ е целосно незаинтересирана да го подобри статусот на земјоделците, кои и покрај нивниот макотрпен труд и богатството храна кое го создаваат, се принудени да живеат во економска и социјална маргинализација. Република Македонија само во 2018 година остварила приходи од извоз на вино во износ од 60 милиони долари, додека оние кои го произведуваат во мачни услови ваквиот скап и луксузен производ, работат за мизерни и ропски цени диктирани од монополот на винската олигархија!

Крупните бизниси – заштитени од страна на владејачките елити – континуирано ја злоупотребуваат подредената состојба на лозарите и нивната лоша материјална состојба, нудејќи цени кои крајно безобразно одат дури и под производствената цена. Само АД Тиквеш во 2018 година бележи добивка во износ од 176 милиони денари, добивка легално украдена од неплатениот труд и сиромаштијата на лозарите! Крајно безобразно е владата на СДСМ да зборува за некаква заштита и просперитет на сиромашните и земјоделците додека се расфрла со три милиони евра за канцеларии за НАТО, а земјоделецот кој чесно цел живот работи не може да си ги обезбеди и гарантира ниту основните животни потреби. 

Јасно е дека СДСМ не може да ги заштити работниците и земјоделците, чии интереси се во директна контрадикција со интересите на олигархијата која токму СДСМ ја создаде за време на погубната приватизација, приватизација која сѐ уште ја спроведува. Целото постоење на оваа анти-работничка партија е обележано со крадење на имотот солидарно изграден од работниците и штитење на крупниот капитал – кој паразитира врз трудот на незаштитениот работник од ударите на либерализираниот пазар. 

Затоа поддржете ги лозарите кои се кренаа против нехуманите услови во кои работат додека го градат богатството на неколку газди! Во Кавадарци и Неготино веќе се организира петиција за зголемување на откупните цени каде можете да ја изразите вашата поддршка, а се очекува собирањето потписи да се прошири и во останатите градови. Само преку солидарна борба и политичко организирање на сите угнетени под јаремот на капиталот ќе се издвојува конечна победа против ваквиот неправеден и нехуман систем кој се богати и паразитира врз сиромаштијата на мнозинството!

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ