Одговор на нашиот советник Бранко Ристов на писмото од жителите на Трнодол

Screenshot_20191119_101804-800x445

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Сведочиме како изминатиов период локалната власт во Карпош својата пропагандна машинерија ја користи за манипулирање на јавноста, а со единствена цел – избегнување одговорност пред уредно доставените 11 барања на жителите од Трнодол.

Додека градоначалникот Богоев се крие од прашањата на јавноста преку договорени прес-конференции и упорно избегнува дебата со засегнатите жители од Трнодол, населението од оваа населба преку писмо до сите советници детално ги предочи своите барања – со што ги демантираше срамните обвинувања на Богоев за партиска обоеност на последните случувања.

Во таа насока, на последната седница одржана на 26-ти декември, поставив советничко прашање по кој основ власта предвидува четири милиони денари само за магазинот ,,Карпош ИН”, кога истиот се користи искучиво како алатка за промоција на Градоначалникот. Токму поради тоа, побарав 11 барања поднесени од жителите на Трнодол (уште пред два месеци!)да бидат објавени во списанието, што всушност беше едно од нивните барања, а со цел поголема транспарентност спрема жителите од Карпош.

Градоначалникок Богоев, кој претходно тврдеше дека остварил средба со подносителите на барањата, на ова мое прашање скандалозно одговори дека се работело за барања на само ЕДЕН човек! Евидентно е дека Богоев дрско манипулира со жителите од Трнодол, со оглед на тоа што истите барања беа директно испратени на службените маил адреси на Градоначалникот и и Претседателот на Советот. Богоев обидувајќи се да ја скрие својата неспособност и арогантност, целосно ги прогласи за ништовни уредно доставените и елаборирани барања на 450 жители од Трнодол!

Со ваквиот потег локалната власт на СДСМ јасно демонстрира чии интереси ги брани, кој навистина манипулира со јавноста и кој упорно избегнува видео-записите од седниците јавно да се објавуваат. Самоволието на општинската власт, нетранспарентното работење, немањето никаква волја за решавање на клучните проблеми и продолжувањето на градежната узурпација кога скандалозно се ослободуваат со условни казни соработници на претходниот градоначалник Јакимовски – претставуваат главните причини за престојниот пораз на СДСМ токму во општина Карпош.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ