Општина Велес не нуди никакво решение за сообраќајниот хаос

82851593_3120630921494574_5775249206453207040_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Како резултат на новите сообраќајни мерки во центарот на градот, денес се одржа протест од страна на сопствениците на продавниците наспроти Поштата, кои се незадоволни од истите мерки. Протестот кој траеше еден час, буквално го блокираше и така густиот сообраќај во централното градско подрачје.

Левица – Велес го поддржува незадоволството на граѓаните, бидејќи општината се уште останува глува за проблемот со недостаток од паркинг простор кој се појави со новите сообраќајни мерки. Ги повикуваме градските власти да излезат со конкретни одговори за тоа како планираат да ја решат новонастанатата ситуација, која очигледно целосно не го реши проблемот со густиот сообраќај во градот.

Исто така, сакаме да информираме дека еднаш веќе поднесовме барање за присуство на редовните седници на Советот на град Велес, со цел да се покренат прашања поврзани со овој проблем. До овој момент немаме добиено одговор на барањето, иако според закон истите седници се од отворен тип за жителите на градот.


Реакција на Локален Огранок Велес.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ