Чебрен е стратешки национален ресурс – а не извор за профит на странскиот капитал!

received_215098346341694

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Продажба на хидропотенцијалот за производство на електрична енергија, во овој историски момент кога светот се бори за енергија од обновливи извори, која воедно е и чиста, еколошка енергија е директно загрозување на националните интереси на Републиката. Најавата за продавање на приватен инвеститор на клучниот државен ресурс – Чебрен и Галиште – за период од 60 години претставува рефлексија на неспособноста и криминогеноста на оваа Влада да ги  штити стратешките интереси и да ги гарантира базичните потреби на граѓаните.

Распродавањето на природните ресурси на државата на профитните интереси на странските компании е пракса кој низ годините е докажана како погубна, во услови кога енергијата треба да биде ресурс достапен за сите граѓани, а не извор на екстра-профити за капиталот. Немањето стратешка визија за организирање на главните економски политики се рефлектира и во одлуката на Владата во огласот за тендер да биде понудена на продажба и веќе изградената хидроелектрана Тиквеш. Ако ваквиот недржавнички чин на СДСМ се имплементира, дефинитивно ќе ја изгубиме и онака кревката енергетска стабилност, а со тоа и целокупната независност како држава.

Доколку немаме државна енергија, немаме независна држава, туку економски протекторат заглавен во туѓите интереси. Новата Влада, после изборите треба да го поништи овој геноциден тендер уште на првата седница.

Помпезно најавуваните бројки за инвестиција од речиси 600 милиони евра преставуваат обиди за дефокусирање со изговори дека државата не е способна да инвестира во крупен капитален објект од овој вид. Изградбата на вакви капитални инвестиции трае 10 години во оптимална проценка, што значи дека државата треба да издвојува по 60 милиони евра годишно. Такви износи на државни пари криминалната влада постојано влече за нивните луксузни бенефиции, криминални тендери, партиски вработувања и секојдневните непродуктивни расходи.

Стоп за приватизацијата на јавните услуги, стоп за претворување на Македонија во протекторат на интересите на капиталот!

received 215098346341694

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ