Работниците во Куманово незаштитени од мерките на властите

91556986_10218569238354814_5399910429612834816_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ние како жители на градот Куманово, секојдневно сме сведоци на тоа како масовно се прекршуваат мерките донесени од страна на Владата по повод справување со пандемијата. Но, покрај ова, сведоци сме и на тоа како во одредени ситуации и места, едноставно мерките се неприменливи, односно народот – условен од грижите и маките на секојдневниот живот – останува приморан да ги занемери препораките на Министерството за Здравство и дополнително да се изложи на ризик, само за да си ги задоволи секојдневните потреби неопходни за живот. Локалната власт, како и досега, нема никаков план – а уште помалку капацитет – за некаква акција во насока на грижа за жителите на општина Куманово.

Покрај ова, до нас како локален огранок на политичката партија Левица во Куманово, секојдневно од најразлични профили на работници вработени во најразлични фирми, ни пристигнуваат поплаки за тоа како менаџментот на овие фирми прави притисок и ги изизгрува работниците, оставајќи ги на цедило во ова време на криза.

Еден од ваквите случаи е со работниците од фирмата „Вин-Казино“. Имено, согласно информациите кои што ги добивме од вработените во казиното, пред извесно времне од страна на одговорно лице од менаџментот, со изговор дека фирмата не била платежно способна да ги покрие платите поради кризата, на работниците им било дадено да потпишат договор за неплатен одмор од 3 месеци. За возврат им било ветено дека за овој ист период придонесите за здравствено и пензиско осигурување ќе им бидат редовно уплаќани. Неколку дена после потпишувањето на ваквиот договор, еден од вработените во ова казино, при посета на матичен доктор дознава дека нема осигурување, односно дека не му е платено за овој месец, поточно истото било прекинато на 15-ти Март. Останатите неколку вработени провериле, исто така немале осигурување, односно им било прекинато, како и во случајот на нивниот колега.

Недозволиво е во време на криза товарот да го понесат најранливите категории како што се работниците,поради што потребен е итен сеопшт план, како и централизирање на ресурсите и капацитетите за што поефикасно и побезболно надминување на оваа криза. Потребна е политичка организација на работниците за политичка моќ на трудот!   


Локален Огранок на Левица – Куманово

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ