Дали во време на вонредна состојба сe делат тендери по роднини?

92225828_2698544893805395_7490479447338909696_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Корупциските скандали во режија на Владата и во време на вонредна состојба не мируваат. ЈЗУ Психијатриска болница Скопје склучила договор за јавна набавка со компанија застапувана од роднина на Директорот на болницата?

Станува збор за Договор за сервисирање на канцелариска опрема, склучен на 2 април годинава со планиран износ од 6.140 евра. Договорот во име на „ЕБР Компјутерс ДООЕЛ” го склучува Бујар Ковачи, а веројатно со цел да се прикријат трагите и сомнежите, договорот во име на ЈЗУ Психијатриска болница Скопје го потпишува Сузана Шабани која според податоците на интернет страната на болницата, но и самиот договор, е главна сестра. Истите лица, застапувајќи ги наведените правни субјекти, потпишуваат договор за истата услуга и на 27 февруари 2019 година, договор чија планирана вредност изнесува 350 илјади денари

92225828 2698544893805395 7490479447338909696 n

Сепак договорот за сервисирање на канцелариска опрема во 2017 година е склучен помеѓу В.Д. директорот Ќамил Ковачи, како застапник на Болницата, и Бујар Ковачи, застапник на „ЕБР Компјутерс ДООЕЛ”.

92460709 282014846121145 3712291296522534912 n

„ЕБР Компјутерс ДООЕЛ” со оваа болница во последните неколку години има склучено седум договори во висина од 32.216 евра. Оттука, итно повикуваме да се истражат сите овие договори, а го повикуваме директорот Ќамил Ковачи јавно да одговори:

  1. Во каква роднинска врска е со Бујар Ковачи?
  2. Зошто на сите договори како потписник се појавува тој, освен на договорите со „ЕБР Компјутерс” каде правен застапник е Бујар Ковачи, а договорите во име на болницата ги потпишува главната медицинска сестра?
  3. Зошто во време на пандемијата од коронавирусот, болницата се решава да склучи договор за сервисирање на канцелариска опрема,наместо да набави заштитна опрема за медицинскиот персонал?

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ