Дали фирмата „Агротехна” од Скопје врши фалсификат и измама?

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Деновиве добивме неколку пораки од вработени и блиски до вработените во фирмата за трговија со бела техника „Агротехна”, каде што ни беше пренесено дека се вршени измама и фалсификат. Ви пренесуваме дел од пораките кои што ги добивме:

„Сакав да те информирам за уште една неправилност во работењето на една компанија. Се работи за Агротехна, позната фирма за трговија со бела техника од Скопје. Мој пријател, кој сака да остане анонимен, беше вработен таму, до пред неколку дена, кога менаџерот на малопродажба, него, и на повеќе други колеги им соопштил дека ќе бидат одјавени. Притоа му дал веќе потпишана спогодба за престанок заклучно со 30.03.

Иако работеа и првата недела од април. Моментот е дека спогодбата им ја давале да ја потпишат бланко (празно место за датум) при вработување. Он веќе работел неколку дена, кога на работно место додека услужува муштерии му биле даден договорот за вработување и други документи, меѓу кои и спогодбата, да ги потпише. Дополнително, истата не е ни архивски заверена, ниту пак има датум кога е склучена. Уште една информација, друго лице вработено таму, иако со потврда дека не треба да доаѓа на работа, сепак е повикан, а подоцна и он е отпуштен на истиот начин.’’

И овој случај е пријавен до Државниот инспекторат за труд, при што паралелно ќе ја следиме работата на Инспекторатот, со оглед на тоа дека добиваме пријави за корумпирано и пристрасно работење од страна на самите инспектори.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ