Самоволие во РЕК Битола

95274360_561730234753489_345652907783225344_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Своеволно толкување на закони и воведување на “нов начин на користење” на владини мерки ги затекна вработените од РЕК Битола за време на првомајските празници. Стручниот колегиум на РЕК Битола на состанок донесол Заклучок да се вратат сите вработени кои платено отсуствуваа од работа, а се родители на дете до 10 годишна возраст и притоа ги условува другиот родител да земе платено отсуство за наредните 14 дена, оставајќи ги работниците на добрата волја на самите газди.

Евидентно е дека државата нема контрола и моќ да ги спроведува своите “мерки”, а камоли да застане во одбрана на работниците и нивните права. Во целокупната здравствена и економска криза, социјал-демократската влада единствено усвојува мерки за заштита на профитите на крупните фирми и банките, додека за заштита на работниците и микро-претпријатијата мерките се базираат на “препораки”, паушално донесени законски решенија и бирократизирани постапки за остварување на и онака недоволната помош.

Воедно, сакаме да упатиме апел до сите работници кои мислат дека се изиграни од своите газди со вакви или слични наредби да не се плашат, туку веднаш да пријавуваат до надлежните или да побараат бесплатна стручна правна помош од нашиот правен тим.


95274360 561730234753489 345652907783225344 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ