Штетните економски политики на функционерите на СДС продолжуваат

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Откако минатата година ја направија Македонија најзадолжена држава, расфрлањето со народни пари продолжува. Последен доказ за тоа е ребалансот на буџетот, според кој Владата ќе ја задолжи државата и граѓаните за дополнителни стотици милиони евра кои ќе бидат искористени за непродуктивни трошоци. Со ребалансот на буџетот:

  1. Вкупниот јавен долг ќе надмина над 60% од БДП, откако кон крајот на минатата година достигна рекордно ниво
  2. Не се намалени непродуктивните трошоци
  3. Значителен дел од парите ќе бидат искористени за контрапродуктивните економски мерки со кои наместо реална помош за граѓаните, работниците, земјоделците и семејните бизниси, истите ќе бидат насочени за помош на богатите кои и сега, како и во 90-те години, значително ќе го зголемат своето богатство на државна сметка
  4. Дел од парите ќе бидат искористени за индиректен предизборен ПОТКУП и тоа во време кога СДС масовно ја губи поддршката од народот
  5.  Македонија се става во заложништво на странските кредитори, со што каматата и главницата долги години ќе бидат исплаќани од страна на граѓаните

За потсетување, сето ова го прават функционери на СДС кои пред само неколку години кога јавниот долг изнесуваше 40% предупредуваа дека Македонија е пред банкрот. Левица јавно упатува апел до министерката Ангеловска, наместо практикување на купон економска политика да воведе прогресивен данок и ДАНОК НА ЛУКСУЗ со што значително ќе се зголемат буџетските приходи, а со тоа и потребата од кредитирање ќе биде минорна.


Реакција на Економскиот Сектор.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ