Со амин на Градоначалникот и Владата Охрид наскоро ќе биде избришан од листата на УНЕСКО

101693610_164018155106286_6736295843134963712_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Охридското Eзеро, Охрид и статусот на заштита на УНЕСКО денес се загрозени повеќе од било кога. Од ветувањата на Владата и градоначалникот Георгиески денес сме сведоци на само уште поинтензивно уништување на крајбрежјето. Несанкционираното самоволие на неколку локални моќници и натаму продолжува, а со одобрение на Георгиески продолжува и бетонската узурпација на охридското крајбрежје. Со амин на Градоначалникот и Владата, Охрид наскоро не само што ќе биде избришан од листата на УНЕСКО, туку и од туристичката карта.

Георгиески како да заборави на ветувањата кои ги даде на Охриѓани пред една година. Георгиески како да заборави на своите задачи и обврски како градоначалник на општина Охрид. Охридското езеро како редок споменик на природата служи единствено за поткусуравање на партиските и лукративните апетити на владејачките гарнитури.

Оттука, единствено решение за оваа незаинтересираност и демонстрираната немоќ е тоа Георгиевски веднаш да поднесе оставка .Тоа е најмалку што може да го направи во овој момент.


Реакција на Левица ЛО Охрид.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ