Пратениците на Левица: Џафери итно да ја постави на дневен ред Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во очи на најавеното бугарско вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ, пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесоа официјално писмено барање за ставање на Предлог-декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии како точка на дневен ред за наредната – дваесет и прва пленарна седница.

Ова пратеничко право им го дава чл. 14 од Законот за пратениците и чл. 69 од Деловникот на Собранието на РМ, кој предвидува дека секоја втора редовна седница претседателот е должен да стави точка на дневен ред по барање на парламентарната опозиција.

„Ова го бараме од причина што Деветнаесеттата седница беше ставен последниот предлог на опозицијата за измена на Изборниот законик (Алијанса, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ) од предлагачите Сурија Рушити и Никола Мицевски. Следната тековна Двасетта седница не беше ставен никаков предлог на опозицијата, па оваа наредна дваесет и прва седница е следната на која опозицијата има право да предлага да се стави точка на дневен ред, а вие сте должен тоа да го сторите преку една, односно на секоја втора редовна седница согласно цитираниот член од Законот“, нагласено е во барањето.

Со оглед на итноста и актуелноста, очекуваме од спикерот Талат Џафери да си ја исполни оваа своја деловничка должност и веќе на следната планирана седница да се расправа за ова горливо прашање поврзано со нашиот национален идентитет.

барање
 ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
3 ноември, 2020
 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ