Поднесени две Барања за инспекциски надзор до ДИЖС

inspektorat

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поради еколошката катастрофа со водните ресурси која ја сведочиме перидов, Левица поднесе две Барања до Државен инспекторат за животна средина. Едното барање се однесува на малата приватна хидроелектрана во Белица (Кичевско), откако жителите јавно апелираа дека се случува девастирање на животната средина поради несоодветно управување со хидроелектраната.

Дополнително, жителите обзнанија и дека добивале закани од сопственикот за нивните реакции, додека од институциите нема никакво соопштение за преземена постапка по ова сериозно обвинување. Второто барање се однесува за поморот на риби кој се случи на Тиквешкото езеро, откако локално население реагираше дека нискиот водостој и отсуството на кислород ја предизвикало оваа еколошка катастрофа.

Иако природните околности допридонесоа за состојбата со водните ресурси, сметаме дека и Владата има одговорност за несоодветно и неодговорно управување со водниот потенцијал, како и ненавремено преземање на превентивни активности со кои би се редуцирале настанатите штети.

Министерот за животна средина, менаџментот на ЕЛЕМ во чија сопственост се дел од хидроелектраните, како и Владата, должни се јавно да обзнанат кои мерки и активности биле преземени за заштита на водните ресурси и минимизирање на еколошките последици.


inspektorat

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ