А1он.мк повторно ја манипулира јавноста со спин и лажно информирање

01 - Вебсајт Хоризонтално црвена на бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

ДЕМАНТ

Политичката партија Левица, ја демантира веста објавена на вашиот веб портал А1он.мк на 07.12.2020 во 22:43 часот со наслов: „Левица нема да ги донира државните пари, ама ако ги донирала немало да каже“https://a1on.mk/macedonia/levica-nema-da-gi-donira-drzhavnite-pari-ama-ako-gi-donirala-nemalo-da-kazhe/.

Остро ја демантираме ваквата лажна и вест полна со спинови и манипулации. Имено, во објавата тврдите дека, Левица испратила Допис до вашата редакција, откако во меѓувреме објавивте уште една манипулативна вест со лични пораки од Димитар Апасиев и нарачаната осуда од Здружението на новинари. Ова не само што е манипулација со јавноста, туку сметаме дека е тотално непрофесионално и значи злоупотреба на професијата – новинарство.

Нашиот Допис/Демант на манипулативната вест „Апасиев молчи за парите кои и следуваат на Левица, не кажува дали ќе се откаже во корист на работничката класа“, кој патем требаше да го објавите веднаш откако го примивте во целост и само со извинување од ваша страна (а не со манипулативни коментари), до службената е-пошта на вашиот портал е испратен на 07.12.2020 во 17:33 часот. Текстот на вашата новинарка, Мери Јордановска со објавени лични пораки и спинувања со наслов „Сороспии и курирци – Апасиев агресивен кон новинарите на А1он откако беше запрашан дали ќе ги задржи буџетските пари“ е објавен истиот ден во 17:50 часот, што значи откако веќе ви е испратен и сте го добиле Демантот од наша страна. Ова само ја потврдува вашата тенденција дека ја манипулирате јавноста!

Доколку работевте професионално по новинарските стандарди, правила и етика, прво што требаше да направите е да го објавите нашиот Допис, односно Демант во кој не само што ви даваме одговор на вашето прашање, туку ги демантираме лагите изнесени во претходниот текст на вашата новинарка Габриела Димковиќ Мишевска. Секој медиум е должен да го објави Демантот во целост откако ќе го прими, а вашите новинари наместо да го направат тоа, продолжија со спинувања и манипулации. За ова, ја известуваме јавноста дека ќе бидат покренати соодветни кривични пријави.

Користејќи го нашето уставно загарантирано право на одговор, реакција и исправка во средствата за јавно информирање (чл. 16, ст.4-5 од Уставот на РМ), благовремено, без ваш коментар, или исправка, БАРАМЕ, да постапите според законските обврски и да го објавите овој демант целосно и во истиот овој формат.

 ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
 8 декември, 2020
 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ