МНР да им излезе во пресрет на македонските државјани во НР Кина за обнова на пасошите

кина-македонијаpg

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По примерот со студентите во Русија, чиишто пасоши беа со истечен рок, а Министерството за надворешни работи на Македонија, ги остави на цедило, сега со истиот проблем се соочуваат и нашите државјани во Народна Република Кина. 

Имено, се работи за тринаесет македонски државјани, коишто престојуваат во НР Кина заради студии, работа и слично, а чиишто пасоши се со истечен рок и немаат можност истите да ги продолжат, или обноват во државата.

Македонската амбасада во Кина, како и Министерството за надворешни работи во Македонија и премиерот, останаа глуви на барањата на овие државјани, со изговор дека овој проблем правно не може да се реши во Кина.

Засегнатите бараат од амбасадата и МНР да изнајдат начин за да им ги обноват пасошите без да има потреба само поради тоа да доаѓаат во Македонија. Пред се’, толку долг пат нема никаква смисла само заради бирократската неажурност и неагилност на МНР. Освен тоа, доколку нашите државјани направат излез од Кина, поради протоколите како резултат на пандемијата, тие потоа нема да можат за брзо да се вратат назад, што би значело исклучителни потешкотии за нив, како прекин на студии, разделба од семејствата и губење работни места и живеалишта.

Неспособноста на македонските државни институции да обезбедат пасоши, значи загрозување на иднината на најмалку 13 семејства кои престојуваат во НР Кина.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ