Состојбата на македонското здравство во една слика

битола-здравство

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ова се катастрофалните услови во кои се наоѓа битолската болница, која повеќе изгледа на извор на зарази и болести отколку на здравствена установа. Дворот на болницата е претворен во складиште на медицински отпад, од каде што се шири смрдеа и потенцијална зараза за минувачите. Додека се трошат милионски суми за скапи мебели на функционерите, здравствениот систем е тотално колабиран, без никакви стандарди за селекција на контагиозниот медицински отпад, ниту пак грижа за здравјето на пациентите на граѓаните.

Бившиот директор од кадарот на СДСМ – Зоран Лазаров, кој замина во пензија во јануари 2020 година и главната сестра Радмила Бајовска, која даде отказ во ноември поради сомнение за проневера за што се води и постапка, се дел од главните виновници за моменталната ситуација на градската болница. Нефункционалноста на апаратурите за томографија и рентген, внатрешните нехигиенски услови кои несомнено шират сепса и зарази, како и дворот кој е претворен во депонија на медицински отпад – доволно сведочи за грижата и приоритетите на владејачкиот естаблишмент.

Со вакви корумпирани политики на власта, очекуван е извештајот кој ја рангира Македонија на 111 место во однос на корупцијата, што е најлоша оценка од 2001 година. Иако со децении се уништува јавното здравство и единствено се користи за поединечно богатење на корумпираните претставници на власта, нема никаква санкција и одговорност од страна на институциите кои се целосно заробени и партизирани во скутот на секоја власт.

Левица – ЛО Битола

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ