Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

По примерот во Струмица, спортист назначен за директор на Културниот центар и во Тетово

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Нема крај на партизирањето на институциите од страна на Власта. Додека се’ уште не се спласнати контроверзиите околу изборот на Васил Бубев за директор на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, по исти терк и Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, деновиве доби нов директор.

Станува збор за Арлинд Хусеини, кој доаѓа од работната позиција шеф на кабинет на државен секретар во Министерството за култура, каде што работел во изминатите 8 години, но на тетовската јавност ѝ е познат како спортски работник, односно како каратист. Тој е основач и тренер во карате клубот „Фати“ Тетово од 2001, и е селектор на карате репрезентација за постари јуниори од 18 до 21 година. Дипломирал на Факултетот за физичка култура, а е магистер по спортски менаџмент.

Тоа што е назначен за директор на една установа од областа на културата, како што вели, за него не било пречка бидејќи веќе 8 години работел како шеф на кабинетот на државениот секретар при Министерството за култура. Хусеини вели дека неговата натамошна активност претежно ќе биде насочена кон довршувањето на изградбата на новиот театар и библиотека.

На конкурсот за ова директорско место се јавиле 4 кандидати од кои двајца биле одбиени бидејќи не ги исполнувале условите од конкурсот.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР КУЛТУРА
10 февруари, 2021

 

 

Најнови објави