Власта финансиски го крепи клерикализмот нарушувајќи го принципот на секуларизам

црвена-позадина-НОВО

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во време на глобална пандемија со чие справување Македонија го има еден од најлошите биланси во светот, како во однос на заболеноста, така и во однос на смртноста; кога здравството колабира заедно со здравствените работници и кога Владата целосно потфрли со имунизацијата на населението; во момент на длабока економска криза, енормен пораст на јавниот долг на државата и состојба во која Владата, за да ја пополни енормната дупка во буџетот планира отуѓување и распродажба на државно земјоделско земјиште, при една ваква реалност од која секојдневно страдаат работниците и нивите блиски, Владата, предводена од СДСМ, одлучува да ја финансира Исламската верска заедница и тоа со префрлање на милионски суми директно од буџетот на РМ?!
 
Со ваквиот акт на Владата, односно, со финансирањето на ИВЗ од буџетот, не само што е нарушен принципот на секуларизам, туку е изврешен и класичен политички поткуп и легислативно нашминкана корупција.
 

Навистина не е јасно и не може да се најде никакво друго оправдување за ваквата дарежливост на Власта кон ИВЗ, освен можеби дека ова е еден вид компензација и исплата на услугите кои ИВЗ ги понуди на владејачката партија за време на нивната кампања од минатите претседателски избори на кои победи токму кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.

Мерки од Програмата на Левица - 2020

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ
10 февруари, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ