Помош за ГЛОБАЛ – глоба, рекет, или собирање пари за кампања

аеродром-глобал

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

По примерот на неколку други општини раководени од СДС, Аеродром се вклучи во „хуманитарната” мисија за опожарениот Глобал. Илјада евра, односно 60.000 денари е сумата која ќе ја издвои општината за помош на приватен трговски центар, за кој е осуден и помилуван ЗОРАН ЗАЕВ.

Не би било ништо спорно доколку не се следи некаков шаблон, па останува да виси прашањето – дали е ова навистина хуман чин, или се работи за нешто друго. При многу барања за помош и апели за хуманитарни акции од наши граѓани Аеродромци, општината е глува и одговара дека не е во можност да помогне, но за Глобал веднаш реагира и исплаќа 60.000 денари. Сумата можеби не е голема и е симболична, но останува мистерија – зошто сите се обврзани со иста цифра од приближно 1000 евра да го помогнат трговскиот во Струмица.

Повеќе од јасно е дека оваа „помош” нема да стигне до оние на кои навистина им е потребна. Малите дуќанџии, ќе мораат сами да се снаоѓаат и да ги трпат загубите, големиот бизнис ќе биде помогнат.

Каде ќе завршат парите и за која цел се наменети никој не ги прашува граѓаните. Ги повикуваме градоначалникот Марин и Советот на општина Аеродром, да се позанимаваат со ЛОКАЛНИТЕ проблеми на луѓето, кои навистина имаат потреба од помош, а живеат во нашата населба и нашата општина.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
11 февруари, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ