Пратениците на Левица бараат јавна расправа за контроверзниот Закон за лични карти

001

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

Ја известуваме јавноста, дека денес, 19 февруари, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, како и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесоа БАРАЊЕ за одржување ЈАВНА РАСПРАВА и спроведување на ЈАВНА ДИСКУСИЈА за сензитивниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта.

Како единствени пратеници во Собранието, кои со поднесување на амандмани на овој контроверзен Закон, го стопиравме процесот на негово донесување, сметаме дека ИТНА ЈАВНА РАСПРАВА е неминовна. Во спротивно, овој Закон се заканува да предизвика етничка дискриминација, поткопувајќи го уставниот концепт на Републиката

Исто така, сметаме дека на претстојната јавна расправа, соодветно треба да бидат поканети претставници на невладини организиации кои се бават со човекови права, стручњаци од пракса, професори по меѓународно право за правата на човекот, граѓански активисти, експерти и други општествени чинители – како би можеле истите, со свои професионални мислења и ставови, ефикасно да придонесат за разјаснување на отворените дилеми во јавноста и за евентуално подобрување на предложениот законски текст.

barane levitsa

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
19 февруари, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ