Во Свети Николе ќе се гради депонија без одобрување на граѓаните

155463031_242687007512975_806834268109964293_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На 64-та седница на советот на општина Свети Николе со 9 гласа ЗА беше донесена Одлука „За основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад“.

Со оваа одлука практично се влегува во последната фаза од одлуката за градење на регионална депонија во општина Свети Николе, во која ќе се собира отпадот од дури 18 општини.

Потсетуваме овој проект беше започнат за времето на мандатот на градоначалникот Зоран Тасев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека нејзината реализација се случува денес кога градоначалник на општината е Сашо Велковски од редовите на СДСМ.

Одлуката за градење на регионална депонија беше донесена без претходна консултација со граѓаните од општината и спротивно на нивната волја!

ЛО – Левица Свети Николе смета дека со овие одлуки, советниците демонстрираат целосно некозистентно однесување, одработуваат единствено за интересите на сопствената политичка партија, не земајќи ги во предвид интересот на општината и волјата на граѓаните.


Реакција на Локален Огранок – Свети Николе.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ