Голготата на сметководителите е директно предизвикана од игнорантноста на институциите

Крешник Бектеши, министер за економија

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Следејќи го економскиот аспект од кризата предизвикана од Ковид – 19 каде речиси сите дејности беа директно или индиректно погодени, неизбежно беше да се забележи дека најголемиот товар го понесоа сметководителите за спроведување на мерките во пракса.

Но, наместо Владата, Министерството за економија и Министерството за финансии да ги слушнат барањата на вработените во овој сектор, во континуитет продолжува безскрупулозното однесување и загрозувањето на здравјето и животот на околу 10.000 професионалци од дејноста.

И покрај сите нивни апели за критичноста на ситуацијата во која се наоѓаат, каде и по цена на живот се приморани да ги запазат роковите за поднесување годишни сметки и финансиски извештаи, министерот Бектеши повикувајќи се на потребата од статистички податоци продолжува да демонстрира политичка моќ со тоа што одбива да ја искористи можноста за законско одложување на роковите до 31.03 согласно чл. 477 од Законот за трговски друштва.

Додека администрацијата цела година работи со преполовени човечки ресурси, сметководителите преживуваат голгота, бидејќи и покрај многукратно зголемените обврски и 65% од нив заболени и/или во изолација од почетокот на пандемијата, министерот мисли дека истите не биле погодени. Со ова уште еднаш се докажуваат неконзистентните ставови на власта и политичката, а не општествената цел на ригидното држење до роковите. 

Левица како политичка партија се залага за искоренување на ваквото игнорантско однесување на институциите и најитно бара преиспитување на одлуката на Министерството за економија.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ