Кочовски: Здравјето на прво место, попис може и догодина!

не отворам врата левица попис бојкот

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

118159911 3504518712939439 5283977451084285042 n 1
Бобан Кочовски, координатор на Трудов сектор – Левица

Изјавата на директорот на Државниот Завод за Статистика (ДЗС) во однос на тоа дека попишувачите ќе смеат да влезат во дворовите на луѓето и да го спроведат пописот во нив е само обично заплашување и ефтин политички спин во надеж дека ќе помине незабележано ваквото политичко силување на статистичка операција.

Оваа власт не бира начини и средства за да го спроведе потенцијално најголемиот фалсификат во историјата на Република Македонија, па затоа се служи со методи од времето на нацистичка Германија, односно фашистичка Бугарија. 

Спроведувањето на пописот, покрај тоа што е крајно несериозен процес во време на глобална пандемија, тоа е и екстремно опасна операција за спроведување на терен. Доколку ги анализираме одредбите од Кривичниот Законик на Република Македонија, можеме да видиме дека постојат сериозни основи на кои што граѓаните на Република Македонија, можат да се повикаат доколку решат да го бојкотираат овој срамен попис.

Имено, со влегувањето на попишувачите во нашите домови, ние се ставаме во неповолна позиција во која постојат големи шанси да заболеме од Ковид 19, нешто што ќе придонесе за зголемување на опасноста по нашето здравје и живот. За сметка на тоа, доколку дојде до такво нешто, ПОПИШУВАЧИТЕ ќе бидат казнети со затвор од 1 до 5 години, согласно чл.134 ст.2 од Кривичниот Законик

  • „Ако лицето изложено на опасност поради тоа го загуби животот или е тешко   телесно повредено или здравјето му е тешко нарушено, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.“ 

Секојдневните притисоци, кои што доаѓаат од страна на Државниот Завод за статистика, со наводни парични за казни по граѓаните, коишто нема да сакаат да се попишат може да се смета за сериозна закана, особено поради тешката финансиска состојба во која што се наоѓа обичниот народ, при што се врши огромен притисок и негово принудување да потклекнат на притисоците на Власта. Но, исто така, и ова дело е предвидено во нашиот Кривичен Законик, а по кое се предвидува казна затвор до 5 години за службеното лице коешто се заканува. Ова дело е утврдено во чл.139 ст.1 и ст.3 од Кривичниот Законик

  • „(1) Тој што со сила или со сериозна закана ќе присили друг да стори или да не стори или да трпи нешто, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
    (3) Ако делото од став 1 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.“

Понатаму, потврдата за ноторната лага со која се обидува да не заплаши директорот на ДЗК, Симовски, со тоа дека попишувачите можат и смеат да влезат во вашите дворови, доаѓа и од фактот дека таквото нешто повлекува казна до 5 години за попишувачите, согласно чл.145 ст.1, ст.2 и ст.3 од Кривичниот Законик:

  • „(1) Тој што неовластено ќе влезе во туѓ дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или приватен деловен простор означен како таков или по барање од овластеното лице оттаму не се оддалечи, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
  • (2) Ако делото од став 1 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
  • (3) Обидот за делата од ставовите 1 и 2 е казнив.“

За крај, се наметнуваат неколку дилеми за кои нема одговор: како можеме да бидеме сигурни дека попишувачите ќе се придржуваат на мерките за превенција и заштита од Ковид 19!? Како можеме да бидеме сигурни дека при влез во секој дом одделно тие ќе ги променат своите заштитни одела, ќе ги променат своите заштитни маски, ќе се дезинфицираат и слично..!? Дали ќе имаме гаранција, дека попишувачите на дневна основа ќе вршат тестирање со PCR тестови за да проверат дали се здрави, или не? 

Одговорот на овие прашања е едно големо НЕ! Нема никаде ПИШАНИ ГАРАНЦИИ во однос на овие прашања, туку само бледи штабски тези и „гаранции“ на „жими мајка“. 

Вака поставениот терен за спроведување на пописот, ќе придонесе само за зголемување на бројот на кластери, при што ќе се загрозат здравјето и животот на огромен број на наши сограѓани, нешто што НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ! Кривичниот Законик, како и претходно, така и сега, предвидува дека непостапувањето по претходно наведените прашања е казниво, па предвидува и казна затвор до 1 година за попишувачите, согласно чл.206 ст.1 од Кривичниот Законик:

  • „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Затоа, заштитете го вашето здравје, заштитете го здравјето на вашите најблиски, бидејќи попис може да се одржи и по една, две, три, десет години – но, животот на вашите најблиски не смее да се ризикува!

Бојкотирај попис!

#НеОтворамВрата

Автор: Бобан Кочовски, член на ЦК на Левица и координатор на Трудов сектор

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ