Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Тетовчани од мугри чекаат во огромни редици за тестирање од Ковид

 Поради зголемениот број на заболени од коронавирусот изминативе денови како и недостатокот на тестови и слободни термини за тестирање, расте стравот и паниката кај тетовчани!

Закажувањето за ПЦР-тест за Ковид-19, на државен трошок е проблем за граѓаните. Сомнежот дека се заразени со корона вирус ги тера да изберат – или да чекаат со денови, или пак да платат приватно.

Во Тетово и денеска има редици и турканици на граѓани кои чекаат за ПЦР -тест пред приватните лаборатории. Тие велат дека дошле да чекаат уште во раните утрински часови за да бидат меѓу првите кога се отвораат вратите.

Сепак, во услови кога се очекува уште поголемо влошување на ситуацијата, Владата категорична дека попис мора да има без разлика на последиците од Ковид.

ПОПИС, ИЛИ ЖИВОТ!
#НеОтворамВрата

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО

Најнови објави