Фабрикување на демографската структура на Македонија не смее да се дозволи

извод

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Во насока на фабрикување на демографската структура на државата, кое го спроведува Владата, не е само пописот на населението туку и Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени.
Овој закон предвидува формирање на посебна паралелна матична книга на родените, за лица кои не се евидентирани во редовната матичната книга на родени. Лицата кои ќе бидат впишани во оваа книга се лица кои живеат на територија на Република Македонија и/или се родени на територијата на Република Македонија и притоа не се запишани во матичната книга на родени и немаат својство на странец со регулиран престој.
Овие лица се упишани во посебната матична книга и добиваат идентификациона исправа (пандан на лична карта), која е со рок на важност од 5 години, бидејќи законот предвидува овие лица да бидат префрлени во редовната матична книга на родени по претходен упис од 5 години во посебната паралелна матична книга.
Од овие одредби на законот произлегуваат неколку спорни моменти:
1. Со овозможувањето на упис во посебната, а подоцна и во редовната матична книга се заобиколува законски предвидениот прекршок за оние кои пропуштиле навремен упис во редовната матична книга на родени;
2. Трајноста на идентификациона исправа посочува на фактот дека по истекот на 5 години и уписот во редовната матична книга на родени лицето ќе се стекне со лична карта, па и државјнаство;
3. По уписот, лицето може да оствари право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување, до завршување на постапката за дополнителен упис во матична книга на родените, со што апсолутно правата на овие лица се изедначуваат со државјаните на Македонија;
4. Уписот во редовната матична книга на родени по 5 години и стекнување на можноста со тоа лицето да поседува лична карта и да се стекне со државјанство е во колизија со Законот за државјанство, кој е lex specialis за таа област. Па така, строгите услови за стекнување државјаство со природување предвидени во Законот за државјанство се заобиколуваат и не важат за овие лица. Спротивноста со Законот за државјанство значи и спротивност со Уставот, бидејќи во членот 4 став 3 е содржана императивна норма, според која државјанство се стекнува врз основа на закон кој е lex specialis за таа област и никако поинаку. Таков закон е Законот за државјанство, а не оспорениот;
5. Примената на ваквиот закон значи дискириминација на граѓаните каде за едни важат построги правила, а за други важат вакви едноставни правила;
6. Законот го руши принципот на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок и создава неусогласеност на позитивните правни прописи.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ПРАВЕН СЕКТОР
23 март, 2021

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ