Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Заев и неговите министри да сносат одговорност за неспособноста со справување со пандемијата

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Во ситуација кога болните се загрижени за својата здравствена состојба, одвоени од фамилијата, работната организација, додека преживуваат психички трауми со тоа што стравуваат за својата егзистенција, додека секојдневно броиме десетици мртви затоа што граѓаните плаќаат данок со живот поради недоволното инвестирање во државното здравство од претходната власт и неспособноста на актуелната власт, премиерот Заев дрско и арогантно, одбива да прифати каква било одговорност, лична, или во име на некој од неговите соработници.

Истиот овој Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче, пропуштија да набават вакцини на време, затоа што поважно им беше да наплатат провизија или да се покажат како доследни вазали на НАТО. Истиот овој Заев, кој воведе нови рестриктивни мерки, до пред само неколку дена ги убедуваше граѓаните дека е сосема безбедно и безопасно да се изврши попис на населението во државава, кој требаше да се одвива токму овој период.

Истите тие дозволија да се разнебитат екипите на инфективните одделенија со цел да се екипираат такви одделенија во приватните клиники, кои воено-профитерски влегоа во целата работа наплаќајќи вртоглави суми од граѓаните. Вчера во јавноста беше објавено дека на секој доктор и медицинска сестра им следи по ЕДНА заштитна маска, чекор што е крајно деградирачки за здравствените работници кои се на фронтот во борбата со пандемијата. 

Дел од модуларните болници, како случајот со кумановската, се оставени без централен довод на кислород, поради што персоналот секојдневно мора да транспортира 100 килограми тешки боци со кислород. Ваквиот сериозен пропуст се должи на тоа што централната власт не обезбедила доволно буџетски средства за функционирање на болниците. Од друга страна, Владата на СДСМ во март минатата година ѝ трансферира 142.000 евра на приватната болница Систина, која пак деновиве одби да ги намали цените. 

Додека целокупниот врв на власта крева раце дека не може да интервенира во работењето на приватните болници, ја потсетуваме Владата дека минатата година Шпанија ги национализира сите приватни болници. Но, за да се преземе ваков чекор, потребни се политичари со чувство за интересите на народот и државата, а не лукративни криминалци кои во време на пандемија се борат за плус провизија.

Затоа пак, надвор од здрав ум, поим како човечност веќе ниту не донесуваме во контекст со нивниот начин на практикување на власт. Заев и неговите министри инвестираа 210 милиони евра за купување оружје. Било кој што има барем малку почит и чувство за страдањето на народот сам ќе побараше оставка од министерот, без оглед дали му е другарче со кое во слободно време се развозува на мотор следен од државно обезбедување, или се разлетува со хеликоптер по градовите – ако веќе нема доблест самиот тој да си поднесе неотповиклива оставка.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
8 април, 2021

 

Најнови објави