Патот до социјална слобода неминовно води преку национално ослободување на македонскиот народ

180816002_583681439701719_2460951538745233454_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Иако денеска, 1 Мај, е датумот кога се празнува Денот на трудот – Денот на работничката борба, сепак, работниците во Македонија немаат никаков повод за било какво празнување. Симболичното празнување има смисла само доколку во реалноста е исполнета суштина на денот кој симболично се врзува токму за 1 Мај. Синдикалното празнување на овој ден служи само за да на работникот му даде лажна вредност за неговата секојдевна сурова реалност. 

Овој ден, како ден на производителите и трудољубивиот народ, не ја симболизира само нивната борба за поголеми работнички права, туку тој е симбол за нивната слобода, мир, како и нивната борба за ПОЛИТИЧКА МОЌ. Токму благодарение на организираните работнички движења од 19-тиот и 20-тиот и левичарските анти-капиталистички партии како политичка манифестација на овие движења, денешните општества се карактеризираат со поголема слобода, солидарност и пристап до јавни услуги на работниците, отколку што тоа беше случај во 19-тиот век.

Сепак, во годините на т.н. „транзиција“ бевме сведоци на губење дури и на стекнатите социјални права, а секојдневно сме сведоци на енормно и брутално кршење и непочитување на работничките, и општо на социјалните права. Причините за ваквата состојба се многубројни, од неорганизираноста и несолидарноста на работничките движења ширум светот па се до падот на реалниот социјализам на Истокот. 

Синдикатите кај нас речиси и да не постојат! Постоечките се окупирани од страна на бирократски раководства кои соучествуваат со владејачките елити во кратењето и кршењето на работничките права. Ваквите „синдикални“ раководства повеќе се заинтересирани за своите фотелји, отколку за правата на работниците. Наспроти нивното објаснување дека „социјалниот дијалог“ дава резултат, во реалноста тој само се користи за да се креира илузија дека синдикалните лидери прават нешто добро за работниците.

Од друга страна, со падот на Берлинскиот ѕид, економските елити од Западот, како центар на капиталот, го изгубија стравот од „сеништето комунизам“ кое многу години ги принудуваше да прават отстапки во судирот со домашната работничка класа. Сепак, овие западни капиталистички хегемони, „издувниот вентил“ за својот капитал го пронајдоа токму во земјите каде работниците 90-тите години и формално ја изгубија политичката власт. На овој начин,  работниците во овие земји беа препуштени на милост и немилост на странскиот капитал, кој во соработка со домашните политички елити, создавајќи од земјата „инвестициски рај“, истата ја претвори во секојдневен пекол за работниците. 

Во Македонија денеска, исто како и во Чикаго од 19-тиот век, се негираат дури и најосновните работнички и социјални права, како што на пример се: осум часовно работно време, право на годишен одмор, здравствено осигурување на работникот и неговото семејство, бесплатно школство, породилно отсуство. И не само ова, нашите работници денеска се соочуваат со тешкотии кои се однесуваат со обезбедување на гола егизстенција за живот!

Она што е специфично и дополнителен товар за македонската работничка класа е тоа дека таа, под притисокот на империјалистичките сили и соработката со домашната буржоазија на овие сили, се соочува со негирање на своето национално самоопределување и крајно загрозување на унитарноста, како и опстанокот на државата во која таа егзистира и воедно со својот труд го овозможува нејзиното секојдневно функционирање. Македонската држава е резултат токму на работничката борба против странските интереси и домашната компрадорска капиталистичка класа. 

Очигледно е дека класната борба, како судир помеѓу, од една страна богатите, кои живеат од трудот на работиците и од друга, сиромашните кои го создаваат раскошот на богатите – постои, и таа претставува реалност повеќе од кога и да било претходно. Но, оваа борба, за жал ја добија богатите. Оттука, не постои друг пат кон ослободувањето освен преку организираната политичката моќ на трудот. А социјалната слобода неминовно води преку национално ослободување од прангите на империјализмот и зависта од нивниот капитал.   

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ