Зошто изостана свеченото доделување на државната награда „Гоце Делчев“

carovska-nagrada-goce-delcev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

По пауза од три години, на 25.12 2020 година МОН објави конкурс за доделување на државната награда „Гоце Делчев“. Истата се доделува за научна книга или дело објавено во претходната, во случајов 2020 година, а со неа се оддава општествено признание за особено значајно остварување од интерес на Македонија во областа на науката.

Наназад, низ годините, првпат му била доделена на Блаже Конески, во 1949 година. Доделена била и во 1950 година, а откако мирувала до 1978, во континуитет е доделувана цели 40 години. По 2018 година кога биле наградени три научници за дела објавени во 2017, истата не се доделуваше.

Претходниот министер за образование, Арбр Адеми, минатата година го правдал недоделувањето со немање комисија/одбор за доделување на наградата, т.е Собрание кое би ја избрало (лани на 4 мај Собранието веќе беше распуштено поради изборите), а, од објавата во Службен весник евидентно е дека истата била избрана на 4.2.2020 година во состав:

Љупчо Коцарев, претседател и: проф. д-р Елена Јованова Грујоска, проф. д-р Мишо Докмановиќ, проф. д-р Марина Митревска, проф. д-р Метуш Сулејмани, проф. д-р Радмил Поленаковиќ, проф. д-р Ицко Ѓорговски, проф. д-р Анита Грозданов, проф. д-р Бешким Зибери, проф. д-р Александар Димовски и проф.д-р Мишо Христовски, членови.

Оваа комисија се произнесла и решила наградата да им биде врачена на академик проф.д-р Катица Ќулавкова за трудот  „Сите лица на речта: беседи“ и на трудот „Интерна медицина“ од група автори, чиј одговорен уредник е проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ.  Сепак, изостана врачувањето на оваа висока државна награда, исто како што и државниот врв изостана од оддавање почест пред гробот на великанот Гоце Делчев. Честа му ја оставија на бугарскиот амбасадор, а веста беше бомбастично, надвор од каков било протокол за добрососедски односи пласирана во бугарскиот печат.

Ако се земат предвид сите околности, објавите во денешниот печат во Бугарија, отсуството на Претседателот и повисоки претставници од Владата за оддавање почит пред моштите на великанот Гоце Делчев, повеќе од јасно е дека надвор од законот, бидејќи наградата е со закон утврдена, настрана  од волјата на народот, надвор од здрав ум и разум, свесно и (зло)намерно доделувањето на оваа награда не беше проследено со соодветна свеченост токму поради нејзиниот патрон!

Новинарите од платниот список на владини хонорарци можеби ќе се обидат да ја префрлат вината на пандемијата, иако во пандемијата не видоа проблем ниту кога упорно ја туркаа агендата за попис на население, ниту кога матурантите бараа да се изостави организирањето државна матура, ниту пак кога довлечкаа во Собрание двајца пратеници заразени со Ковид 19! Очигледно е дека наследството и заветот на Гоце Делчев за квислинзите на власт се пострашни од смртоносната болест!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ
5 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ