Левица – Берово: Уште едно спомен обележје на АСНОМ оставено во заборав

асном

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Некогаш спомен обележје на НОВЈ, денес уште еден споменик во распаѓање. Тимот на Левица – Берово го посети дедо Јован Величковски, веројатно најстариот партизан во Малешевијата, кој со своите 99 години ни раскажа за НОВЈ и за споменикот подигнат во нивна чест.

Дедо Јован живее во куќата која што од 14.09.1944 година до 25.02.1945 година била партизанска болница. Денес, заборавен од народот, но и од надлежните, останува нем сведок на партизанските случувања. Дедо Јован со ведар глас и насмевка се потсети на поставувањето на споменикот, но и подоцнежното садење на боровите дрвја околу него, само затоа што бил изграден на еден околен рид и видлив од сите страни.

Денес видно запуштен, останува да сведочи за едно борбено време на пркос и храброст, за исконскиот стремеж на македонскиот народ за национална и социјална слобода..за формирањето на 13-тата и 14-тата македонска ударна бригада.

Архитектот Радован Раѓеновиќ е креатор на ова дело. Споменикот е висок 10 метри, составен од пет бетонски столбови кои ги симболизираат листовите на цветот, а средниот дел го симболизира толчникот. Споменикот ја симболизира идејата за ново раѓање и нов почеток.

Додека сите институции се прогласуваат за ненадлежни, додека се ревидира историјата од поранешниот фашистички окупатор, уште едно спомен обележје на антифашистичката борба полека, но сигурно се распаѓа.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БЕРОВО
15 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ