Општина Чаир ќе потроши речиси 5 милиони денари во корист на приватна фирма

чаир

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

На 27-ми мај оваа година, општина Чаир склучува договор за јавна набавка и услуги именуван како „Одржување на улично осветлување што не е опфатено со ЈПП на подрачјето на Општина Чаир“ со вкупна вредност на договорот која не треба да надмине 4.720.000 денари согласно Одлуката за јавна набавка бр. 05-792/2 од 31.03.2021 година.

ЛО – Чаир на Левица строго го осудува своеволното и неодговорно однесување на локалните власти кои структурално и малициозно работат кон онеспособување на Јавните Претпријатија со цел ловење на вакви пријателски договори со надворешните бизнис партнери на носителите на функции.

Ваквото целно однесување на локалните власти на територијата на Република Македонија, вклучително и на тие на Општина Чаир, низ долгогодишна призма го забележуваме како сопствена категорија на политичко однесување за која се врзуваат следните заклучоци:

– на сите нивоа на власт, клиентелизмот е основниот мотиватор и водич – а не политичките платформи на партиите, во извршување на власт;

– тие работат кон долгорочно очувување на принципите на клиентелизмот;

– оттаму, пленот по кој се стреми е во отргнувањето на дејностите од јавната сфера во приватната; и

– оваа пракса е замислена да оди во недолгед, и нема да запре се додека овие политички структури остануваат на власт.

Возобновувањето и реанимирањето на Јавните Претпријатија е возможно доколку на власт се најдат структури чија мотивација не е лична злоупотреба на јавните функции, во спротивно тие ќе продолжат да служат како партиски бироа за вработување и нивната функционалност ќе биде саботирана со цел исполнување на горенаведената агенда.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЧАИР
3 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ