Пратениците на Левица обезбедија поддршка за интерпелацијата против спикерот Талат Џафери

Интерпелација Талат 1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

Како што најавивме минатата недела, првичната иницијатива на двајцата пратеници на Левица за поднесување Интерпелација за работата на претседателот на Собранието на Република Македонија – г. Талат Џафери наиде на голема поддршка кај македонската опозиција и истата денес е поднесена преку архивата на македонското Собрание.

И покрај тоа што, во катастрофалното менаџирање на внатрешната работа на Собранието на РМ, можат да се набројат над 30-на прекршувања на Уставот, законите и Деловникот – сепак, заради ограничениот простор, поднесената Интерпелација се однесува на три главни причини: (1) повреда на Амандманот V од Уставот на РМ, преку неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Џафери пред Комитетот на министри на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Републиката; (2) свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од интерната употреба во парламентот, преку противуставно, противзаконско и противделовничко доставување само на двојазични материјали за сите пратеници (на македонски и на албански јазик), а не само за оние пратеници кои говорат друг јазик во службена употреба, различен од македонскиот; и (3) повреда на Протоколот и Дополнението на протоколот за организирање седници во услови на коронакриза, кога спикерот – правејќи кривично дело – дозволи двајца позитивни пратеници на Ковид-19 да гласаат во скафандери во Собранието на РМ, свесно загрозувајќи го здравјето на сите останати пратеници.

Ја информираме јавноста и дека во петокот (2 јули 2021 год.), правниот тим на Левица поднесе и итна Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, кое е надлежно да врши контрола над правилната употреба на македонскиот јазик од страна на јавните и приватните субјекти.

Ги повикуваме сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат оваа интерпелација и да заедно да ставиме крај на самоволието на собранискиот спикер, кој во последно време покажува недозволиви автократски тенденции.

Interpelatsija Talat 1

 Президиум на Левица
С к о п ј е
5.VII.2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ