Отежнато движењето на жителите, амбулантите и противпожарните во Битола

225961648_344373960486302_3961423219183212758_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Битола уште во 18-ти век беше конзулски град, а градската управа работи очигледно спротивно на модерното општество кое го враќа градот во примитивно време. Денешната слика е: повеќе од 15-20 раскопани улици, раскрсници, тротоари, зеленила, уништени и масакрирани. Кал, купови земја, ровови, канали, дупки…
Се’ што е раскопано веќе долг период е во иста ситуација. Нискоградба и Водовод работат со минимално темпо „поради широкиот обем на работа со која градоначалничката се докажува како личност која го сака градот“. Се работи недозволено споро.
Контра – ефективно жителите кои имаат потреба од амбулантно возило, пожарна или друг третман се закопани во кал во своите раскопани улици. Ограничени во движењето и отежнат живот. Вода прекинува секој ден, искинати кабли, на 36 – 38 С, канализацијата тече по патот, се шири смрдеа, поради што опасноста од зараза е голема.
На жителите им е отежнато паркирањето пред своите домови, расправиите помеѓу станарите се се’ почести. Во некои улици и тротоарите се раскопани, поради што се жалат пешаците и велосипедистите.
Жителите реагираат секојдневно, но, очигледно е потценета нивната меморија од страна на властите, дека сепак тие го чекаат денот на изборите за да го симнат овој лажен популизам кој предизвикува хаос само 3 месеци пред избори, а скоро 4 години лаги.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
26 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ