Постои ли опасност од појава на пожар во околината на Свети Николе?

Screen Shot 2021-08-04 at 13.29.15

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Од страна на Левица – Свети Николе, беше поднесена Иницијатива да се изврши Вонреден инспекциски надзор, заради палење и согорување на ѓубрето во депонијата кај Мавровица.

Минатата недела, по извршениот инспекциски надзор, беше утврдено дека во депонијата, која е во надлежност на ЈКП Комуналец, се вршат палења од несовесни граѓани и дека истите ќе бидат казнети. Сепак, во добиената информација немаше укажано на конкретно лице или конкретен случај за покренато обвинение поради правење на ова злосторство, ниту пак се наведува потреба од редовен надзор или стража околу депонијата за ова повторно да не се случува.

Во истиот извештај беше констатирано дека депонијата ќе се користи и ќе остане под надлежност на ЈКП Комуналец се до изградбата на нова.

Само неколку дена откако го добивме извештајот за извршениот Вонреден инспекциски надзор, во текот на продолжениот викенд беа снимени нови видео записи и фотографии каде повторно се пали и согорува отпад.

За разлика од претходно, кога ваквата појава ги загрозуваше еколошките права, правото на здрава животна средина и.т.н., денес ова е многу посериозно. Дневните температури во овој период од летото се над 40 степени целзиусови, а искуствата од пожарите ширум државата се негативни со катастрофални резултати.

Левица – Свети Николе, бара до Општината, Локалните власти и надлежните Локални институции, навремено да ги преземат, не само неопходните мерки туку и да спроведат планови за превентива и спречување на пожар (како забрана за движење во реонот околу депонијата), да воведат стража околу депонијата и да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврди кој постојано ја пали депонијата, дали тоа се несовесни граѓани или можеби несовесни институции!

Во прилог следи видео од горење на отпадот во депонијата кај Мавровица, снимено за време на викендот:

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СВЕТИ НИКОЛЕ
04 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ