Градската депонија во Берово гори повеќе од еден месец

237340005_10222747333464974_177179739462675427_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“ – ова се пропишува во член 43 од Уставот на Република Македонија.
Но, дали беровчани го уживаат ова уставно загарантирано право!?

Патот до градската депонија во Берово потсетува на сцена од лошите хорор филмови, а таму сцената е уште подраматична.
Веќе месец дена гори градската депонија која што се наоѓа на околу 2,5 км од градот, притоа ширејќи неподнослива миризба која што се чувствува и во околните села. Јавното комунално претпријатие „Услуга” – Берово во програмата за работа за 2020 година, предвидува од втората половина на 2020 година транспортот на сметот да се врши на депонијата во Општина Пехчево за соодветен паричен надоместок. Во истата програма е предвидено целосно затворање на депонијата во 2021 година.

Заклучно со денес, 17.08.2021 година кога тимот на ЛО Левица – Берово беше во посета на депонијата, ниту една од предвидените активности не е спроведена.

Уште во октомври 2016 година беше претставен планот за изработка на регионална депонија во Свети Николе, која што ќе ги задоволи потребите на северниот и источниот регион во државата, вклучувајќи ја и Општина Берово. Според Министерството за животна средина и просторно планирање, целата инвестиција изнесува околу 35 милиони евра.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БЕРОВО
17 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ