Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Предлог – Законот за обештетување на стечајците на дневен ред на денешната Собраниска Седница

Пратениците на Левица на 4-ти Април го поднесоа Предлог законот за материјално обезбедување на стечајците. Истиот ќе се најде денес на дневен ред, на 69-тата седница во Собранието.

Овој предлог-закон ги опфаќа лицата коишто изгубиле работа по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок кои оствариле право на паричен надоместок од 1-ви јануари 1993 година, кои се невработени и се со стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата.

Со предложените законски измени:

Стажот од 14 години се намалува на 10 години, затоа што многу од стечајците работеле без пријавен стаж;

Месечното обештетување се крева од 34% од просечната плата на 40% од просечната плата , односно 12 000 денари;

Возраста за исполнување на условите за материјално обезбедување се определува на граница од 52 години за жена и 55 години за маж;

Наместо неколку месеци рок за пријавување по објавувањето на законот, периодот се зголемува на една година;

Левица е единствената парламентарна партија која ги слушна барањата на стечајните работници, кои беа обесправени со минатиот закон, бидејќи истиот не се однесува на сите стечајни работници.

Левица е единствената партија која во тековните услови на економска и енергетска криза, донесе продуктивно и конечно решение за овие граѓани.

Дали останатите партии ќе го поддржат ова законско решение и конечно ќе биде ставен крај на транзициската сага на голем број работници, останува да видиме на денешната седница.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

19 април, 2022

Најнови објави