На денешната деветта седница на Советот на Општина Карпош се изгласа одлука за воведување на зонско паркирање кое ќе го организира и спроведува ЈП Градски Паркинг на територијата на Општина Карпош. Оваа предлог одлука беше поддржана од страна на советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ како и советничката Невена Георгиевска, додека пак советниците на Левица гласаа против.
Советниците на Левица во Општина Карпош ќе ги искористат сите механизми за спречување на имплементацијата на овој погрешен концепт. Во наредните денови ќе предложат предлог мерки и предлог решенија за решавање на проблемот со недостатокот на паркирање во Општина Карпош.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Карпош
10 мај, 2022