Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Градоначалникот Арбен Таравари го „заборави“ македонското знаме

    Деновиве градоначалникот на нашиот град Гостивар беше на работна посета во Далас (САД). Како и вообичаено за македонските политичари Албанци, македонското знаме го нема никаде.

    Дали градоначалникот Арбен Таравари е свесен за фактот дека е градоначалник на македонски град и дека ги застапува интересите на сите граѓани на Општина Гостивар, а не само на Албанците?!

    Дали градоначалникот Таравари е свесен дека со оваа постапка ги погазува и понижува граѓаните на Општина Гостивар!? Истите тие кои пред избори ги молеше за нивниот глас!?

    Каде е осудата од неговиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ за ова постапка на градоначаликот или ќе премолчат исто како што ги премолчеа 100те билборди на Таравари целосно на албански јазик, а од друга страна ширеа пропаганда да се гласа за него?

    За жал, со постапките градоначалникот Таравари само покажува дека не може да излезе од национал-шовинистичкиот шаблон на албанските политичари во Македонија и ширењето национализам за дневнополитички потреби, додека приказните за „соживот“ остануваат само празно слово на хартија.

    Локалниот огранок на Левица во Гостивар најостро реагира на постапките на градоначалникот, бара одговор и објаснување и инсистира нешто слично повеќе да не се повтори.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГОСТИВАР 

    20.МАЈ.2022

    Најнови објави