Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Советниците од Левица поднесоа иницијатива за формирање на Локален Младински Совет

Од донесените Програми и Буџет за 2022 година, забележавме дека нема речиси никаков проект или активност која е директно поврзана со младите. Сведоци сме за тоа како секое маало во Општина Ѓорче Петров станува сѐ попразно како резултат на отсуството на содржини кои би ги стимулирале младите да останат во својата општина и да го поминуваат своето слободно време во неа, а уште помалку Ѓорче Петров е избор за младите од другите општини.

Младите, како активни чинители во општеството, имаат специфични барања и потреби. Преку поттикнување на нивното критичко размислување, нивна активна ангажираност во општествените процеси – се отвора можноста за имплементирање на нивните идеи. Со тоа, одлуките коишто ќе се донесуваат од една институција, ќе бидат комплетни и поткрепени со афирмација од засегнатата страна.

Очекуваме овој Локален младински совет да биде формиран што поскоро, а одлуките/предлозите кои понатаму би потекнувале од истиот – да бидат задолжителни за Градоначалникот и советниците, со цел Општина Ѓорче Петров повеќе да не биде транзитна општина за младите и истата да претставува нивни избор за рекреација.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Ѓорче Петров

29 мај, 2022

Најнови објави