Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Денот на Охридското Езеро го одбележуваме без ветениот проект на ДПМНЕ за набавка на сувоземно-пловен багер за чистење

Највредното природно богатство во Република Македонија кое прехранило многу генерации со чиста и бела риба, езерото од кое пиеле вода првите луѓе кои ја населиле котлинава пред неколку илјади години, денес поради узурпацијата на одредена група на луѓе која е заштитена од двете партии кои што наизменичено се менуваа 30 години, најбогатото езеро во светот со ендемични видови е на патот кој води кон неповратно уништување на истото.

Во предизборните ветувања, политичката партија ДПМНЕ заедно со сегашниот градоначалник Кирил Пецаков излажаа и манипулираа за проектот за кој тврдеа дека со нивните заложби ќе добиеме чист град, а особено ќе бидат внимателни дека Охрид и Охридското Езеро се под заштита на УНЕСКО и токму поради тоа како еден од ,,приоритетите“ со кој се фалеа беше „НАБАВКА НА СПЕЦИЈАЛЕН ПЛОВЕН ОБЈЕКТ, НАМЕНЕТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ОД ОТПАДОЦИ“.

Политичката партија Левица обвинува за ваквото манипулирање со народот од страна на ДПМНЕ затоа што цврсто стоиме зад ставот дека понудените решенија за сериозните проблеми кои што се ветени пред граѓаните – мора навремено да се реализираат, особено кога целта на проектот е заштита на вредностите кои имаат планетарен размер.

Нека ни е честит Денот на Охридското Езеро кое е музеј на живи фосили кои во него постојат над два милиони години.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Охрид

21 јуни, 2022

Најнови објави