Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за секој јавен објект во сопственост на Општина Битола

Поради поскапување на електричната енергија, а наскоро не очекуваат и енергетски шокови, со цел во иднина да заштедиме средства од буџетот за плаќање на електрична енергија предлагаме, проектирање, набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за секој јавен објект во сопственост на Општина Битола. Со спроведување на оваа иницијатива даваме придонес за заштита на животната средина и ги намалуваме трошоците на јавните објекти односно јавните претпријатија и општинската зграда.

Во Битола проблемот со аеро загадувањето е актуелен секоја грејна сезона, време е Локалната Самоуправа да го потегне првиот чекор за справување со загадениот воздух во Битола. Со оваа иницијатива ќе се спроведи мерка која ќе биде пример и поттик и за приватните објекти да се одлучат за ваква инвестиција.

Иницијативата се разгледа на Комисијата за јавни и комунални дејности со што се донесе Заклучок од страна на службите во Општина Битола да достават листа со објекти кои се енергетски ефикасни со цел полесно таргетирање на објектите на кои би се поставиле фотоволтаиците а со тоа како општина да добиеме поголем бенефит.

Се очекува иницијативата да се најде на Дневен ред на следната седница во Совет на Општина Битола.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Битола

23 јуни, 2022

Најнови објави