Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Прелажани и избркани пазарџиите од директорката Карапашовска и Градоначалникот Коњановски

    Покрај насилното протерување на пазарџиите позади новиот пазар на паркингот кои уредно си плаќаа дневен закуп, се прелажани од директорката на ЈП Пазари и Градоначалникот Тони Коњановски.

    По денешната дискусија со пазарџиите се утврди на терен дека воопшто нема никаква реализација од страна на директорката на ЈП Пазари од тоа што им го ветуваше во присуство на седница пред советниците и пазарџиите.

    Струмичките комбиња ја продаваат својата роба на старото место.
    Редоследот на тезгите во пазарот не е според договорот кој беше констатиран во Совет.
    Колички за транспорт на робата не се набавени.
    Хигиената во пазарот е катастрофална.
    Тоалетите им се заклучуваат на пазарџиите.
    Секоја вечер им се кради робата поради неисполнување на безбедносни услови.
    Канти за ѓубре не им се обезбедени.

    Одговорност мора да преземи локалната власт и да ја разреши директорката на ЈП Пазари како што беше договорено во советот доколку не се реализираат барањата на пазарџиите.

    Советничката група на Левица цврсто стои до ставот на пазарџиите кои бараат одговорност и во иднина ќе се иницираат заложби за спроведување на услови на земјоделците.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Битола

    23 јуни, 2022

    Најнови објави